Ekipa
29 Јануари 2017•Ажурирај: 30 Јануари 2017
БЕРЛИН (АА) - Раководството на германската Социјалдемократска партија денес го избра претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, за политички ривал на германската канцеларка Ангела Меркел на претстојните избори во Германија, јавува Anadolu Agency (AA).
Се очекува дека 61-годишниот Шулц во март да дојде на претседателската функција на најсилната партија од левиот центар, Социјалдемократската партија.
Парламентарните избори во Германија ќе се одржат на 24 септември оваа година. Својот четврти мандат како шеф на Владата ќе го побара и сегашната канцеларка Ангела Меркел.
Анкетите покажуваат дека Шулц ужива популарност приближна на Меркел.
Шулц во екот на бегалската криза во Европа го критикуваше антимиграцискиот популизам, кој во Германија ја зајакна партијата Алтернатива за Германија (AfD), која се спротивстави на приемот на бегалци.