Ayhan Şimşek,Evren Aydemir
01 Јуни 2018•Ажурирај: 02 Јуни 2018
БЕРЛИН (АА) - Катастрофалната поплава која го зафати местото Ајфел во југозападниот дел на Германија беше причина од зоолошката градина да избегаат животни предатори. Станува збор за два лава, два тигра и еден јагуар, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението што го даде Општината Битбург-Прим, сместена во германската покраина Рајнска област-Пфалц, се наведува дека во катастрофалната поплава што го зафати подрачјето, неколку животни предатори успеале да избегаат од зоолошката градина во Лунебах.
Портпаролот Ансгар Донделингер соопшти дека од зоолошката градина избегале два лава, два тигра и еден јагуар, додавајќи дека во тек е операција за нивно фаќање.
Покраинската полиција го предупредила локалното население да не ги напушта своите домови, со барање секој што ќе ги забележи животните предатори, да ги информира јавните институции.
Телевизискиот канал SWR објави дека една мечка која избегала од зоолошката градина е убиена.