Mesut Zeyrek
17 Август 2023•Ажурирај: 19 Август 2023
КЕЛН (АА) - Аеродромот во Франкфурт е поплавен како резултат на поројните дождови и бурата што погодија некои области во Германија, пренесува Анадолу.
Поради поплавите, покрај голем број домови во Франкфурт, под вода остана и аеродромот во овој град.
Според соопштението објавено од страна на канцеларијата на портпаролот на аеродромот, голем број летови се откажани поради поплавите, некои летови доцнеле, а некои авиони се пренасочени кон други аеродроми.
Меѓу другото, поројните дождови и бурата, исто така, негативно влијаеја врз секојдневниот живот во покраините Баден-Виртемберг, Рајнска Област-Пфалц, и Тирингија.