Ayhan Şimşek
22 Февруари 2023•Ажурирај: 23 Февруари 2023
БЕРЛИН (АА) - Германија денеска прогласи двајца ирански дипломати за персона нон грата како одговор на смртната казна на Техеран за германско-иранскиот државјанин Џамшид Шармахд, јавува Анадолу.
Германската министерка за надворешни работи, Аналена Баербок, остро ја критикуваше одлуката на иранскиот суд и истакна дека во Министерството бил повикан вршителот на должноста во Иранската амбасада за да му се упати критика за одлуката.
„Му беше кажано дека не прифаќаме масовно кршење на правата на германски државјанин“, се вели во изјавата на Баербок.
„Како резултат на тоа, германската Влада прогласи двајца од персоналот на Иранската амбасада за персона нон грата и побара од нив веднаш да ја напуштат Германија“, додаде таа.
Баербок ги повика иранските власти да ја повлечат смртната казна против Шармахд и да му дадат правично судење и правилен процес на жалба.