Qais Omar Darwesh Omar
22 Февруари 2023•Ажурирај: 23 Февруари 2023
НАБЛУС (АА) - Девет Палестинци ги загубија животите, а повеќе од 100 се повредени во рациите од страна на израелските сили спроведена на неколку точки во градот Наблус, кој се наоѓа во северниот дел на окупираниот Западен Брег, известува Анадолу.
Во околината на една куќа која се наоѓа во историскиот Стар Град на Наблус, на протестот на Палестинците поради рацијата, израелските војници одговорија со вистински куршуми.
Палестинското Министерство за здравство соопшти дека во нападот на израелските војници загинале 9 Палестинци, а 102 се повредени.
- Ранети двајца новинари
Според веста што ја објави Палестинската официјална информативна агенција ВАФА (WAFA), израелските сили при интервенција употребиле вистински куршуми, а меѓу повредените се наоѓаат и двајца новинари.
По рацијата на израелските сили, протестите во регионот продолжуваат.