Ekipa
27 Април 2016•Ажурирај: 28 Април 2016
БЕРЛИН (АА) - Германија планира да субвенционира купување на автомобили на електричен погон во настојување да помогне на сопствената автоиндустрија во конкуренцијата на светскиот пазар на кој еколошките прифатливи возила се се повеќе популарни, јавува Anadolu Agency (AA).
Волфанг Шаубл, германскиот министер за финансии изјави дека од мај оваа година купувачите на електрични возила ќе добијат 4.000 евра, а купувачите на хибридни возила 3.000
Владата за субвенционирање на купување на електрични возили издвои 600 милиони евра и уште 400 милиони за јавни набавка и станици за полнење на батерии.
Сигмар Габриел, министерот за економија денес изјави дека целта до 2020 година е бројот на електрични возила да се зголеми на 50.000, на пола милион. Додаде дека тоа е само половина од крајната цел од милион електрични автомобили.