Ali H. M.Abo Rezeg
14 Декември 2016•Ажурирај: 14 Декември 2016
КАИРО (АА) - Терористичката организација ДЕАШ ја презеде одговорноста за нападот на коптската црква во главниот египетски град Каиро, во кој загинаа 25 лица минатиот викенд, јавува Anadolu Agency (AA).
Цел на нападот беше црквата Свети Петар, која се наоѓа покрај катедралата Свети Марко, седиштето на Коптската православна патријаршија.
Во нападот беа ранети голем број луѓе, што предизвика бура од протести во Египет, земја која е населена од мнозинско муслиманско население.
Во изјавата што кружи по социјалните мрежи, ДЕАШ наведува дека еден нивни член се саморазнел во црквата, убивајќи и ранувајќи околу 80 лица.
Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси во понеделникот изјави дека нападот врз црквата го извршил бомбаш самоубиец. Египетските сили досега приведоа четири лица поради наводна поврзаност со нападот. Египетската Влада по нападот прогласи тридневна жалост.
Се проценува дека коптските христијани сочинуваат осум до десет отсто од вкупното население во Египет, каде што живеат околу 90 милиони луѓе.