Cüneyt Karadağ,Ömer Tuğrul Çam
16 Јуни 2022•Ажурирај: 16 Јуни 2022
БЕРЛИН
Германија ќе испрати системи на повеќецевни ракетни фрлачи од видот „Марс 2“ во Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Германската министерка за одбрана, Кристине Ламбрехт, во изјавата дадена во Брисел, наведувајќи дека на Украина особено ѝ треба оружје какво што користат артилериските единици, рече: „Како Германија, решивме да испорачаме три системи на повеќецевни ракетни фрлачи „Марс 2“ и стотици ракети кои се наоѓаат во нашиот армиски инвентар. Обуката за ракетните системи ќе ја спроведеме заедно со нашите партнери САД и Велика Британија.“
Министерката за одбрана, Ламбрехт, истакна дека системите „Марс 2“ се планира да бидат испорачани во Украина на крајот на јули или почетокот на август.
Министерката додаде дека оваа поддршка за Украина ја даваат за да го зачува нејзиниот суверенитет.
- Словачка ќе испрати хеликоптери и ракети „Град“
Словачка, исто така, соопшти дека ќе обезбеди воена помош за Украина.
Словачкиот министер за одбрана, Јарослав Над, по состанокот на Контакт-групата за одбрана на Украина кој се одржа синоќа во Брисел, на социјалните мрежи ја објави помошта на неговата земја за Украина.
Над нагласи дека на Украина ѝ донирале илјадници ракети „Град“ од 122 милиметри и хеликоптери од серијата „5 Ми“.
Словачка претходно на Украина ѝ донира системи С-300.
Од друга страна, Соединетите Американски Држави (САД) соопштија дека ќе испратат 4 артилериски ракетни системи M142 (HIMARS), додека Велика Британија ќе испрати 3 фрлачи M270 (MLRS) во Украина.