Atila Altuntaş
16 Јуни 2022•Ажурирај: 17 Јуни 2022
СТОКХОЛМ (АА) - Законот за борба против тероризам, кој шведскиот Парламент го усвои на 31 мај, ќе стапи на сила на 1 јули, јавуваат локалните медиуми, јавува Агенција Анадолија (АА).
Како што јавува Шведската новинска агенција ТТ, обидите за нанесување штета на државата со цел тероризам и намерно извршување на злосторства според новиот закон можат да се сметаат за терористичко злосторство.
Максималната затворска казна за лице за кое ќе се докаже дека извршило кривично дело како дел од терористичка група, зголемена е од шест на седум години.
Кривичните дела како финансирање тероризам, повикување на нарушување јавен ред и мир, регрутирање лица за терористичка организација и пружање терористичка обука можат да се казнуваат со затворска казна во траење од една до шест години.
Шведските судови ќе можат да судат и одлучуваат за своите кривични дела, без оглед на тоа кој ги извршил и каде.
Шведската разузнавачка агенција СЕПО соопшти дека таа земја не би требало да биде засолниште за поединци и екстремисти склони кон насилство.
Шведскиот Парламент на 31 мај го усвои новиот закон за тероризмот, кој предвидува зголемување на казните за терористичките злосторства.
Шведска е под притисок на Туркије да ја прекине својата поддршка кон терористичката група ПКК/ЈПГ доколку сака да се приклучи кон НАТО, а Анкара вели дека блокот е безбедносен сојуз и дека сите потенцијални членки мораат да заземат јасен став против тероризмот.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата на терористички групи во Туркије, Европската Унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД).
Во текот на повеќедецениската терористичка кампања против Туркије, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.