Evren Aydemir
30 Август 2017•Ажурирај: 31 Август 2017
БЕРЛИН (АА) - Претставничката на германската влада за човекови права и хуманитарна помош, Барбел Корфел, ја повика владата на Мјанмар да ги спроведе предлозите од извештајот на Советодавната комисија за Аракан, предводена од поранешниот генерален секретар на Обединетите нации (ОН), Кофи Анан, јавува Anadolu Agency (AA).
Кофлер во соопштението истакна дека со голема загриженост ги следи настаните што предизвикаа смрт на голем број на луѓе, и до кои повторно дојде во северниот дел на Аракан, во Мјанмар.
Таа додаде дека извештајот подготвен од национални и меѓународни експерти има голема важност за промена на состојбата во врска со правата на луѓето во Аракан.
Кофлер е задоволна од првите чекори на нобеловката Аунг Сан Су Кји за примена на предлогот на Комисијата.
„Ја повикувам владата на Мјанмар да ги спроведе предлозите, како што вети. Германија, како и Европската Унија (ЕУ), е подготвена да ја поддржи владата во оваа тешка задача во рамките на своите можности“, порача Кофлер.
Таа ги повика сите страни да сторат сѐ за смирување на тензиите и за заштита на цивилното население.