Ekipa
22 Мај 2018•Ажурирај: 23 Мај 2018
БЕРЛИН (АА) - Судот во Германија го отфрли барањето на обвинителството за враќање на поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон во притвор до конечната одлука за барањето за негова екстрадиција во Шпанија, јавува Anadolu Agency (AA).
Германската полиција го приведе Пуџдемон на 25 март, откако во таа земја влезе од Данска.
Приведувањето е извршено врз основа на европскиот налог за апсење што го распиша Шпанија, која бара испорачување на Пуџдемон поради обвиненија за бунт и проневера на јавните средства за време на минатогодишниот неуставен референдум за независност на Каталонија.
Германскиот суд го пушти на слобода на 6 април со напомена дека екстрадицијата не може да се изврши за обвиненија за бунт.
Од друга страна, државниот обвинител во Шлезвиг утринава изјави дека шпанските власти доставиле нови информации според кои Пуџдемон би можел да им биде испорачан на шпанските органи.
Обвинителот го предаде на судот барањето за враќање на Пуџдемон во притвор, а судот го отфрли.