Ekipa
20 Ноември 2023•Ажурирај: 22 Ноември 2023
РАМАЛА (АА) - Израелската војска од почетокот на оваа година привела 880 палестински деца, пренесува Анадолу.
„Повеќе од 200 деца сѐ уште се во притвор, вклучително и 26 држени според израелската политика на административен притвор без обвинение или судење“, се вели во соопштението на Здружението за палестински затвореници објавено по повод Светскиот ден на детето.
Според соопштението, околу 145 палестински деца биле приведени од израелските сили минатиот месец.
Откако Израел почна да ја бомбардира Газа на 7 октомври по нападот на Хамас, според најновите податоци на палестинските власти, загинати се најмалку 13.000 Палестинци, од кои над 9.000 жени и деца, а повеќе од 30.000 се повредени.
Илјадници згради, вклучително и болници, џамии и цркви, исто така се оштетени или уништени во немилосрдните воздушни и копнени напади на Израел врз опколената енклава.
Израелската блокада, исто така, го прекина снабдувањето на Газа со гориво, електрична енергија и вода, и ја ограничи испораката на хуманитарна помош.
Според официјалните податоци, бројот на загинати во Израел изнесува околу 1.200.