Turgut Alp Boyraz
10 Јуни 2017•Ажурирај: 11 Јуни 2017
ДОХА (АА) - Прехранбените производи кои со кaрго авиони се транспортирани од Турција во Катар, ги зазедоа своите места на пазарот на оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
По политичкото и економското ембарго која се врши врз Катар од страна на некои арапски земји предводени од Саудиска Арабија, оваа земја како алтернативно решение, започна да добива прехранбени производи од Турција.
Продавниците во Катар преку социјалните мрежи ги информираа своите жители дека од Турција со карго авиони стигнале прехранбените производи, како што се пилешко месо, јајца, млеко и јогурт. Овие продавници под турските прозиводи во нивните рафтови напишале: „Производи што доаѓаат од Турција преку воздух“
- Информација до жителите преку социјалните мрежи
Откако ланецот на маркети во Доха, Ал Меера, објави соопштение преку социјалните мрежи, во повеќе маркети во градот жителите се собраа пред рафтовите каде се поставени турските производ.
Врботените на маркетот во разговор со АА истакнаа дека по објавување на соопштението голем број од купувачите во маркетот побарале турски производи.
„Ние како Ал Меера ги информираме нашите купувачи дека пристигнаа производите од Турција. Од Турција се дојдени голем број прехранбени производи за дневна употреба како млеко, јогурт и јајце. Овие производи денес можете да ги најдете во Ал Меера“ се вели во објавата на ланецот на маркети, Ал Меера.
Во оваа објава беше споделена и фотографија каде се прикажани турските прозвди во рафтовите на маркетот. Исто така, голем број други маркети објавиле слични објави каде се прикажани турските производи во нивните продавници.
Меѓу другото, голем број жители на Катар на нивните социјални мрежи објавиле фотографии на турските производи.
„Во Катар се е во ред. Фала му на Бога ги купуаме турските производи. Благодарение на тоа мојот син за прв пат ќе пие млеко од Турција“ истакна за АА адвокатот од Катар, Сухејл Авад, купувач во овој маркет.
Тој нагласи дека верува оти администрацијата на Катар во кратко време ќе ја реши оваа криза. „Ова е вистинскиот потребен однос што треба да биде помеѓу земјите. Се надевам дека и арапските земји ќе развијат слични односи“ додаде Авад во врска со соопштението на Турција за поддршка на Катар, како и испраќање на нејзините прехранбени производи.