Nuri Aydın
10 Март 2020•Ажурирај: 11 Март 2020
САНТИЈАГО (АА) - Околу 15 милиони долари се украдени од карго одделот на аеродром во јужноамериканската земја Чиле, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во чилеанските медиуми се наведува дека крадците со автомобил со лого на една карго компанија влегле во карго одделот на аеродромот „Артуро Мерино Бенитез“ во Сантијаго и украле околу 15 милиони долари.
Според првичните наводи, две лица од тимот за обезбедување се полесно повредени за време на вооружениот грабеж извршен од страна на седум лица.
Официјални лица изјавија дека украдените пари биле донесени на аеродромот од странство неколку часа пред грабежот и дека биле задржани во карго одделот за да се пренесат со оклопно возило.
Во 2014 година, 10 милиони долари беа украдени во грабеж на истиот аеродром во Чиле.