Adham Kako
01 Мај 2017•Ажурирај: 02 Мај 2017
АЛЕПО (АА) - Најмалку 18 цивили, меѓу кои девет деца загинаа во синоќешниот артилериски напад во северниот дел на сириската покраина Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставникот на локалната цивилна заштита, Мухамед Халак, за АА изјави дека доцна синоќа било гранатирано селото Увејџил, во северниот дел на Алепо, а цел на нападот била трикатна станбена зграда.
„Утринава, спасувачките екипи од под урнатините на урнатата зграда извлекоа 18 тела на загинати цивили. Во текот на ноќта е извлечена и една жена која го преживеала нападот“, изјави Халак.
Тој истакна дека тој регион е под контрола на опозициските сили и дека нападот најверојатно е дело на силите лојални на режимот на претседателот Башар ал Асад. Исто така, Халак изјави дека уште четири ранети лица се префрлени во болница.