Ekipa
30 Септември 2019•Ажурирај: 01 Октомври 2019
АНКАРА (АА) – Граничниот премин меѓу Сирија и Ирак, затворен во 2014 година поради окупацијата на терористичката организација ДЕАШ, повторно е отворен по петгодишен прекин, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според локалните извори, обновени се граничните премини во подрачјето на Елбукемал во градот Деир ез Зор, источна Сирија, и преминот на ирачка територија.
Терористичката организација ДЕАШ граничниот премин под контрола го презеде во 2014 година.
Во ноември 2017 година режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад го исчисти Елбукемал од ДЕАШ со помош на странски терористички групи поддржани од Иран.
Од друга страна, терористичката организација ЈПГ/ПКК, градот Багоз на ирачката граница го окупираше во февруари со поддршка на Соединетите Американски Држави (САД).
Во регионот, кој е под контрола на режимските сили од ноември 2017 година, активно доминираат групите поддржани од Иран.
Извори посочуваат дека со отворањето на граничниот премин влијанието на овие групи ќе се зголеми и дека нивното преминување кон Ирак ќе биде полесно.