Adam Abu Bashal
30 Септември 2019•Ажурирај: 30 Септември 2019
МОГАДИШУ (АА) - Терористичка организација Ал-Шабаб изврши два одвоени самоубиствени напади врз американските и европските воени сили во Сомалија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Јусуф Абдурахман, еден од безбедносните службеници од регионот Долен Шабел, за медиумите соопшти дека е извршен бомбашки напад врз воениот аеродром „Балидогле“, кој е користен за обука во американската база, лоциран на 100 километри од главниот град Могадишу.
Абдурахман, истакнувајќи дека нема мртви или повредени во нападот, рече дека по експлозијата во областа се слушале истрели.
Со друго возило натоварено со бомби, пак, бил нападнат и италијанскиот мировен конвој во Могадишу.
Според очевидци, при нападот се повредени многу цивили.
Терористичката организација Ал-Шабаб ја презеде одговорноста за нападот.