Muhammet Kurşun
27 Октомври 2020•Ажурирај: 27 Октомври 2020
ТЕХЕРАН (АА) - МУХАМЕТ КУРСУН -
Иранците ги повикаа сите муслимани во светот да се обединат против француските официјални претставници, посебно против францускиот претседател, Емануел Макрон, затоа што изразуваат ставови против исламот и ги поддржуваат карикатурите насочени кон божјиот пратеник Мухамед, јавува Агенција Анадолија (АА).
Изјавите на Макрон, чија цел претежно беа исламот и муслиманите, предизвикаа и продолжуваат да предизвикуваат реакции и протести во исламскиот свет. Голем број ирански официјални претставници, исто така, реагираа на навредите на исламот и муслиманите, но исто така реагираа и иранските граѓани.
Во разговор со новинарот на АА од Техеран, Иранците ги повикуваат муслиманите да дејствуваат обединето, а од исламските земји да одговорат на францускиот претседател Макрон и да ја бојкотираат француската стока.
Шиитскиот имам Селим Мансури жестоко ги осуди антиисламските ставови на францускиот претседател Макрон и на официјалните претставници на таа земја.
„Во неделата сме на мевлуд, раѓањето на нашиот пратеник. Сите обединети мораме да излеземе на плоштадите и да го покажеме својот став. Муслиманите би требало да ги покажат своите реакции на демонстрациите. Мораме да се здружиме против овие ѓаволски завери“, порача Мансури.
Техеранскиот претприемач Муслум Неџад нагласи дека во Франција, во име на слободата на изразување, ги навредуваат религиите, и дека такво нешто е неприфатливо.
„Слободата претставува изразување на сопственото мислење, а не навредување на другите религии“, порача Неџад и додаде: „Муслиманските земји би требало да заземат заеднички став. Мора да ги покажат своите реакции на овие гадни дела. Народите се вознемирени бидејќи некои муслимански земји соработуваат со империјалистите. Ја покажаа својата реакција низ демонстрациите.“
Откако на 16 октомври во Франција беше убиен наставникот кој на часовите на учениците им покажувал карикатури што го исмејувале божјиот пратеник Мухамед, Макрон изнесе низа ставови, чија цел претежно беа исламот и муслиманите. Овие зборови и карикатури со навреди на пророкот Мухамед се истакнати на одредени објекти, а предизвикаа низа реакции и протести во исламскиот свет.
Во многу земји, меѓу кои и Катар, Кувајт, Алжир, Судан, Палестина и Мароко, започна бојкот на француските производи. Покрај тоа, потсетувајќи дека во Франција е присутен бојкот на турските производи, турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, го повика турскиот народ на бојкот на француските производи.