AA
16 Март 2019•Ажурирај: 18 Март 2019
КРАЈСЧЕРЧ (АА) - Граѓаните на новозеландскиот град Крајсчерч, во кој вчера беше извршен терористички напад, положија цвеќе во близина на џамијата „Ал Нур“, една од двете џамии во кои беше извршен нападот, јавува Anadolu Agency (AA).
На овој начин тие оддадоа почест на жртвите од нападот кој беше извршен вчера за време на петочната молитва (џума намаз). Нападите во џамиите „Ал Нур“ и „Линвуд“ се извршени во временски интервал од 10 минути. Убиени се најмалку 49 лица, а 42 се повредени.
Локалните медиуми наведуваат дека меѓу загинатите се наоѓа и петгодишно девојче и нејзиниот татко.
Лицето кое презеде одговорност за нападот е 28-годишен Австралиец.