Kemal Zorlak
29 Јуни 2016•Ажурирај: 30 Јуни 2016
МОСКВА (АА) - Жителите на главниот град на Русија положија цвеќе пред амбасадата на Турција во Москва, по повод синоќешниот терористички напад во Истанбул, во кој загина најмалку 41 лице, јавува Anadolu Agency (AA).
Групата на граѓани положи црвени ружи утрово пред зградата на амбасадата на Турција во Москва, и на тој начин се солидализираше со жртвите на синоќешниот терористички напад на аеродромот Ататурк во Истанбул.
Во нападот, според последните информации на Канцеларијата на гувернерот на Истанбул, загина најмалку 41 лице, а 130 повредени сеуште се наоѓаат во болница.
Одговорност за нападот не презеде сеуште никој, но синоќа турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави дека сознанијата на истражните органи укажуваат на тоа дека нападот е дело на ДАЕШ.