Mustafa Melih Ahıshalı
01 Јануари 2023•Ажурирај: 02 Јануари 2023
ТЕХЕРАН (АА) - Група фудбалери поради учество на ноќна забава на која се консумирале алкохолни пијалаци се приведени во Техеран, главниот град на Иран, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Иранската новинска агенција Тасним објави дека некои играчи на еден од водечките фудбалски клубови во земјата присуствувале на ноќна забава во една куќа во техеранскиот кварт Демавенд.
Иранската полиција, која во куќата дошла по пријава од соседите, привела фудбалери за кои е утврдено дека консумирале алкохолни пијалаци.
Не се дадени информации за идентитетот на приведените фудбалери, нивниот број и за кој клуб настапуваат.