Ekip
01 Јануари 2023•Ажурирај: 02 Јануари 2023
ТРИПОЛИ (АА) - Либиските власти ексхумираа 18 тела од масовна гробница во подрачјето на градот Сирт, што се наоѓа во западниот дел на земјата, известува Агенција Анадолија (АА).
Општата управа за истражување и идентификација на исчезнати лица соопшти дека масовната гробница е откриена минатата недела во населбата Ал-Саб во Сирт.
Лешовите биле испратени во градската болница Ибн Сина на медицинско испитување.
Откривањето на масовни гробници е вообичаено во Либија, која е разорена од војната, во подрачјата што биле под контрола на терористичката група ДЕАШ или милициите поврзани со Калифа Хафтар, лидерот на силите во источниот дел на земјата.