Ahmet Gençtürk
16 Јули 2025•Ажурирај: 17 Јули 2025
АТИНА (АА) - Грција се подготвува за нов и поинтензивен топлотен бран кој се очекува да донесе високи температури и зголемен ризик од пожари, објавија денес локалните медиуми, пренесува Анадолу.
Според дневниот весник „То Вима“, временските прогнози предвидуваат можно покачување на температурите и до 43 степени Целзиусови во периодот меѓу недела, 20 јули, и вторник, 22 јули - кои е можно да продолжат и в среда.
Метеорологот Јоргос Цатрафилија изјави дека температурите од 39-40 степени Целзиусови се веројатни во деновите пред викендот, пред да започне целосниот интензитет на топлотниот бран.
Тој, исто така, предупреди дека населението од ранливите категории, особено во урбаните подрачја со слаба вентилација и ограничени можности за разладување, би можело да доживее значителни потешкотии за време на екстремните температури.