Furkan Naci Top
06 Септември 2018•Ажурирај: 06 Септември 2018
АТИНА (АА) - Процентот на невработеност во Грција во јуни изнесуваше 19,1 отсто, со што се најде на најниско ниво во последните 7 години, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на грчкиот Институт за статистика (ELSTAT), благодарение на сезонската ангажираност, процентот на невработеноста во Грција, споредена со претходниот месец, достигнала 19,1 отсто. Институтот за статистика соопшти дека бројот на невработени во Грција изнесува 909.000 лица.
Ревидиран е и процентот на невработеност за мај, при што е заведено дека невработеноста во тој период изнесувала 19,3 отсто.
Најголемата невработеност во Грција на популацијата од 15 до 24 години падна на 39,1 отсто.
Грчката Влада планира процентот на невработеност во земјата да го намали на 18,4 отсто.
Грција, која во 2013 година имаше невработеност од 28 отсто, од тој период наваму забележува постојан пад на невработеноста, но и покрај сѐ, продолжува да биде земја со највисока невработеност меѓу земјите од Еврозоната.