Ekipa
02 Јуни 2016•Ажурирај: 03 Јуни 2016
АТИНА (АА) - Грчките власти соопштија дека хоспитализирани се тројца мигранти поради повреди со кои се здобиле по избивање на насилството во текот на ноќта во мигрантскиот камп на островот Лезбос, јавува Anadolu Agency (AA).
До судири помеѓу мигрантите дојде рано утроинава кои што резултираа со пожар во кој изгоре товарен контејнер преуреден во камп приколка, се наведува од полицијата.
Тоа беше последен во низата инциденти во кампот Мориа на грчкиот остров Лезбос, каде што од март се наоѓаат над 2.500 лица откако на сила стапи договорот помеѓу Турција и ЕУ за депортација на мигрантите и бегалците.
Депортациите се одржуваат поради каснење за време на процесот на проверка на барањата за азил што доведува до чести немири во камповите на Лезбос и островот во близина, Чиос.