Salih Baran,Özgün Tiran
28 Февруари 2020•Ажурирај: 29 Февруари 2020
ЕДРЕНЕ (АА) - Грчките безбедносни сили со солзавец и звучни шок-бомби интервенираа врз нерегуларните мигранти кои чекаат во меѓуграничната зона на грчко-турската граница, јавува Агенција Анадолија (AA).
Со намера да одат кон Европа, користејќи алтернативни патишта, група мигранти во пладневните часови пристигнаа во зоната меѓу граничните премини Пазаркуле и Кастаниес.

Грчките сили групата од околу сто нерегуларни мигранти ја опколија со возила и автобуси.
Потоа грчката полиција интервенираше користејќи бибер-спреј и звучни шок-бомби.
Нерегуларните мигранти избегаа и се засолнија во шумата во близина, а некои видно вознемирени и плачеа.