Qais Omar Darwesh Omar,Said İbicioğlu
28 Февруари 2020•Ажурирај: 03 Март 2020
НАБЛУС
Педесет и едно лице се повредени како резултат на интервенцијата на израелските војници врз Палестинците кои протестираа против илегалните еврејски населени места, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од очевидците, израелските војници интервенирале врз протестот одржан против илегалните населени места во населбата Бејта во Наблус.
Во соопштението на палестинската Црвена полумесечина се наведува дека израелските војници интервенирале со вистински и гумени куршуми, како и со солзавец.
Во ова соопштение се вели дека како резултат на овие интервенции повредени биле 44 Палестинци, од кои едно 16-годишно момче било ранет со вистински куршум, 40 лица биле повредени со гумени куршуми, додека 3 лица паднале за време на судирот и се повредиле.
Исто така, израелските војници интервенираа и врз слични демонстрации одржани во населбата Кефер Кадум во источниот дел на Калкија.
Според писменото соопштение на Комитетот за народно востание, во интервенцијата на израелските војници повредени биле 7 лица, од кои еден со вистински, а 6 со гумени куршуми.
Исто така, десетици лица биле погодени од солзавец.