Ekip
31 Декември 2016•Ажурирај: 31 Декември 2016
САНТЈАГО (АА) - Бразилската полиција во четвртокот соопшти дека го истражува исчезнувањето на грчкиот амбасадор, Киријакос Амиридис, кој последен пат беше виден во понеделникот, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на полицијата за локалните медиуми изјави дека блиско лице на дипломатот го пријавило неговото исчезнување во Нова Игуасу, 40 километри (25 милји) северно од Рио де Женеиро, каде неговата жена наводно имала апартман во областа.
Грчкиот амбасадор Амиридис (59) живее во главниот град Бразилија, но патувал со неговата жена во Рио каде што планирале да го поминат одморот до втората недела од јануари, велат властите.
Полицискиот комесар, Еваристо Понтес, изјави дека не постои веројатност амбасадорот да бил киднапиран.
„Не работиме со таа претпоставка. Истрагата се одвива, но не работиме со таа идеја. Киднаперите до сега ќе оствареа контакт", вели тој.
Грчкото министерство за надворешни работи издаде соопштение во кое се вели дека побарале целосна мобилизација на сите органи на Бразил, но не пишуваше повеќе детали.
Амиридис својата кариера како дипломат ја започна во 1995 година во Атина, а за амбасадор во Бразил беше назначен во 2016 година.
Пред преземањето на таа функција, тој беше амбасадор на Либија и работеше како конзул во Рио од 2001 до 2004 година.