Ahmet Gençtürk
23 Јули 2022•Ажурирај: 25 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Грчки танкери продолжуваат да транспортираат руска нафта додека војната во Украина беснее, се наведува во извештајот на „Reporters United“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во извештајот на истражувачката новинарска мрежа на Грција се вели дека во периодот меѓу 9 март и 30 јуни, над 50 отсто од рускиот извоз на нафта бил транспортиран со грчки танкери.
Според тоа, на листата на грчки магнати вклучени во профитабилниот бизнис се и сопственици на најголемите приватни медиуми во земјата кои жестоко ја критикуваа војната на Русија во Украина.
Во извештајот се повторува дека украинските власти, меѓу кои и претседателот Владимир Зеленски и украинскиот амбасадор во Грција, Сергеј Сутенко, континуирано укажуваат на улогата на грчките танкери во извозот на руската нафта и вршат притисок кон Грција да престане со транспортот, но без резултати.