Ekipa
27 Мај 2019•Ажурирај: 28 Мај 2019
АТИНА (АА) - Грчкиот премиер Алексис Ципрас повика на предвремени избори откако неговата партија претрпе голем пораз на изборите за Европскиот парламент, пренесува Anadolu Agency (AA).
Владејачката левичарска партија Сириза доби 24 отсто, додека најголемата грчка опозициска конзервативна партија, Нова демократија, освои 32,8 отсто од гласовите.
Во телевизиското обраќање на Ципрас од својот партиски штаб изјави дека изборниот резултат „не ги исполнува нашите очекувања“.
Грчкиот премиер ќе се состане со претседателот Прокопис Павлопулос по вториот круг локални избори закажани на 2 јуни и ќе побара распуштање на Парламентот и предвремени национални избори.
Општите избори во Грција требаше да се одржат по завршувањето на мандатот на владата во октомври, меѓутоа, денешното соопштување укажува на тоа дека изборите би можеле да се одржат на 30 јуни.