Tufan Aktaş
09 Февруари 2020•Ажурирај: 10 Февруари 2020
АДИС АБЕБА (АА) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, порача дека е неопходно да се стави крај на конфликтот во Либија, јавува Агенција Анадолија (AA).
Гутереш на 33. Самит на Африканската унија, кој се одржа во Адис Абаба, Етиопија, говореше за потешкотиите со кои се соочуваат африканските земји, и истакна дека ОН ќе продолжат со поддршка на Африканската унија.
„Сакам да укажам на три потешкотии што треба да бидат итно решени. Елиминирање на сиромаштијата, борба против климатските промени и смирување на оружјето“, рече Гутереш.
Гутереш рече дека смирувањето на оружјето не е само прашање на безбедноста и мирот, туку истовремено директно се однесува и на трговијата и на развојот.
Тој се осврна и на зголемените температури на воздухот кои се особено изразени во Африка.
„Иако Африка е најмалку одговорна за климатските промени, тоа е подрачје кое е најмногу погодено од нив“, рече Гутереш.
Тој говореше и за случувањата во Либија.
„На судирите во Либија мора да им се стави крај“, рече Гутереш, додавајќи дека кризата значително го погодува подрачјето на Сахел.