Muhammet Nazım Taşçı
25 Октомври 2019•Ажурирај: 25 Октомври 2019
АНКАРА
Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, го повтори повикот за дијалог за решавање на прашањето за Кашмир меѓу Индија и Пакистан, пренесува Anadolu Agency (AA).
На дневниот брифинг за медиумите, портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дујариќ, на прашањето на еден новинар за состојбата во Кашмир рече: „(Џаму и Кашмир) Состојбата треба да се реши со дијалог и кое било решение треба да биде во согласност со правата на народот што живее во Кашмир. Ова продолжува да биде неговата (Гутереш) позиција.“
Истакнувајќи дека генералниот секретар на ОН, Гутереш, повика и ќе продолжи да повикува прашањето за Кашмир меѓу Индија и Пакистан да се реши преку дијалог, Дујариќ потсети дека Гутереш на 74. седница на Обединетите нации на таа тема разговарал со претседателите на Индија и Пакистан.
- Индија го укина посебниот статус на Џаму и Кашмир
Регионот Џаму и Кашмир од 5 август се соочува со обиди за потиснување, кога индиската Влада го отповика членот 370 од Уставот на Индија, кој ѝ даваше посебен статус на оваа област. Според „Хјуман рајтс воч“ (Human Rights Watch), стотици луѓе, претежно политички лидери, се приведени или уапсени од властите откако индискиот Парламент го направи овој потег.
Лидерите и жителите на Кашмир стравуваат дека овој потег е обид на Индија да ја смени демографијата на државата, каде што некои групи се борат против индиското право за независност или обединување со соседен Пакистан.
Индија и Пакистан контролираат делови од Кашмир и бараат контрола во целост. Кина, исто така, контролира дел од спорниот регион, но токму Индија и Пакистан војуваа двапати за Кашмир.
Регионот Џаму и Кашмир од 5 август се соочува со обиди за потиснување, кога индиската Влада го отповика членот 370 од Уставот на Индија, кој ѝ даваше посебен статус на оваа област.