Ekipa
13 Мај 2017•Ажурирај: 14 Мај 2017
КОПЕНХАГЕН (АА) - Данската влада објави дека ќе забрани употреба на готовина во најголемите затвори и ќе бара затворениците плаќањата да ги вршат по електронски пат, со цел полесно да се следи текот на парите во и надвор од затворите, јавува Anadolu Agency (AA).
„Постои ризик луѓето од криминалните кругови да ги користат своите пријатели кои се во притвор за да ги кријат парите“, рече министерот за правда, Сорен Папе Поулсен.
Тој додаде дека промените ќе бидат имплементирани пред летниот период.
Останува нејасно кои дански затвори ќе бидат погодени од овие промени. „Жителите“ на затворите од затворен тип веќе по електронски пат плаќаат за храна и други работи што ги купуваат зад решетките.