Ekipa
13 Мај 2017•Ажурирај: 14 Мај 2017
ЛОНДОН (АА) - Британскиот секретар за надворешни работи, Борис Џонсон, изјави дека можеби Брисел ќе мора да ѝ плати на Велика Британија за напуштање на Европската унија, а не обратно, пренесува Anadolu Agency (AA).
Џонсон за "Телеграф", изјави дека уделот на британските средства во ЕУ е толку вреден што може да се случи на крајот Брисел да ѝ плати на Велика Британија, кога ќе го напушта европскиот блок.
Официјални претставници на ЕУ инсистираат на тоа Велика Британија прво да ги реши своите финансиски обврски за Брегзит, а сметката, според некои извори, може да чини и до 100 милијарди евра.
Џонсон од друга страна го нарече Брисел немилосрден во своите преговарачки техники и додаде дека тие ќе играат валкано. Тој истакна и дека Велика Британија дефинитивно може да замине.