Ilgın Karlıdağ
05 Јануари 2016•Ажурирај: 07 Јануари 2016
БРИСЕЛ (АА) - Данските активисти за заштита на човековите права изразија подготвеност да прошверцуваат бегалци по морски пат од Данска во Шведска, откако Шведска вчера донесе одлука за зголемување на контролата на границата помеѓу двете земји, јаува Anadolu Agency (АА).
Аника Холм, член на групата за телевизијата TV2 изјави дека активистите досега им давале хуманитарна помош на бегалците и им помагале да ја преминат границата со Шведска, а сега се подготвени да го сторат тоа и преку поморскиот пат доколку границите се затворени.
"Затоа што политичарите не преземаат одговорност, ние треба да трагаме по различни методи за помош и заштита на бегалците", вели Нилсен.
Според сегашните закони во Шведска, шверцот на луѓе се казнува со затвор до две години. Шведската морнарица веќе презема засилени мерки за безбедност во близина на Ересундскиот мост што го поврзува Копенхаген со Малме. Минатата година, 160.000 бегалци побарале азил во Шведска. Општо земено, Шведска е земја која во однос на бројот на населението има згрижено најмногу бегалци во Европа.
Откако Шведска воспостави контрола на границата со Данска, данската полиција започна со засилени контроли на влезот во државата на границата со Германија. Данскиот премиер Ларс Локе Расмусен изјави дека контролата на границата со Германија е неизбежна по потегот на шведските власти.