Esat Fırat,Mustafa Deveci
21 Мај 2021•Ажурирај: 22 Мај 2021
КУДС (АА) - Израелската полиција интервенираше со гумени куршуми и со шок-бомби врз верниците по извршувањето на петочната мотива (џума намаз) во комплексот на Џамијата „Ал Акса“ во окупираниот Источен Кудс, јавува Агенција Анадолија (АА).
По џума намазот, илјадници Палестинци во комплексот „Ал Акса“ го прославуваа примирјето во Газа кое синоќа Израел го склучи со Хамас.
Насобраните потоа сакаа со мирна прошетка да отидат кон Стариот Град Ал Кудс, но израелската полиција со примена на сила се обиде да ги растера насобраните луѓе и ги нападна со гумени куршуми и шок-бомби.
Од друга страна, израелската полиција соопшти дека за време на демонстрациите одржани по петочната молитва, голем број лица фрлале со камења и молотови коктели.
Во соопштението на Црвената полумесечина на Палестина се наведува дека во интервенцијата на израелската полиција во „Ал Акса“ се повредени 20 Палестинци, од кои двајца се пренесени во болница.