Ekip
23 Јануари 2016•Ажурирај: 24 Јануари 2016
ТЕХЕРАН (АА) - Кинескиот претседател Џи Пинг допатува во Техеран каде се состана со иранскиот колега Хасан Рухани, со кој разговараше за унапредување на економските и политичките односи помеѓу Кина и Иран по што во Техеран се укинати меѓународните сакнции, јавува Anadolu Agency (AA).
Џи е првиот лидер кој го посетува Иран откако на Техеран му се укинати сакнциите на 16 јануари, а исто така и прв кинески претседател кој престојува во посета на таа земја по 14 години.
Иранските и кинеските функционери по состанокот порачаа дека нивните земји се согласија да ги прошират меѓусобните економски и политички врски, најавувајќи "ново поглавје" во билатералните односи.
"Задоволни сме што претседателот Џи го посети Иран по укинување на санкциите. Иран и Кина се договорија да ја зголемат трговската размена на 600 милијарди долари во наредните 10 години", рече Рохани на заедничката конференција за новинарите во Џинпинг, која е во живо пренесувана на државната телевизија.
Рохани исто така рече дека со кинескиот колега се сложиле дека ќе ја интензивираат соработката за да го решат прашањето на "тероризмот и екстремизмот во Ирак, Сирија, Авганистан и Јемен" .
Како пренесува новинската агенција ИРНА, Џи во петокот по доаѓањето во иранската престолнина порача дека Пекинг настојува да ги унапреди билатералните односи со Техеран "за да отпочнат нова сезона на сеопфатни, долгорочни и одржливи односи".
Заменик на иранскиот министер за надворешни работи за азиските и пацифички прашања Ебрахим Рихинпур за државната телевизија дека високата кинеска делегација во Техеран стаса на повик на иранскиот претседател Рохани и дека за време на посетата ќе биде потпишано 17 договори.
Рахимпур наведе дека трговската размена на Иран и Кина 2014 година изнесуваше околу 52 милијарди долари, но дека опадна минатата година поради намалување на цената на нафтата на светските пазари.
Кина е една од шест светски сили кои преговарале за историскиот договор постигнат во јуни минатата година со Иран, во склад со кој Техеран ја ограничи својата спорна нуклеарна програма поради што за возврат му се укинати меѓународните санкции кои вклучуваа ембарго на иранскиот извоз на нафтата , клучната државна индустрија како и финансиските трансакции со Иран.