Muhammet Kurşun
22 Септември 2018•Ажурирај: 22 Септември 2018
ТЕХЕРАН (AA) - Терористичката организација ДЕАШ презеде одговорност за вооружениот напад, изведен во текот на воена парада во градот Ахваз на југозападот на Иран, јавува Anadolu Agency (AA).
Иранските функционери претходно денеска соопштија дека група позната како Ал-Алхвазије е одговорна за нападот, во кој загинаа најмалку 24 лица. Меѓутоа, одговорноста за нападот ја презеде и ДЕАШ.
Нападот е изведен во текот на воена парада, организирана по повод 38-годишнината од Иранско-ирачката војна.
Терористичката организација ДЕАШ, преку својата новинска агенција „Амак“ (Amak) ја презеде одговорноста за нападот. Се наведува дека на местото на настанот се наоѓал и иранскиот претседател Хасан Рохани.
Познато е дека Рохани присуствувал на воена парада, меѓутоа, тоа не било во Ахваз, туку во Техеран. „Амак“ подоцна го исправи тој навод. Не беше објавена видеоснимка од нападот.
Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, смета дека Соединетите Американски Држави (САД) и оние кои го поддржуваат тероризмот во регионот, одговорни се за нападот изведен во текот на воената парада.
И гласноговорникот на иранската војска „Чувари на револуцијата", Рамазан Шериф, потврди претходно денеска дека нападот на војската го изведе група позната како Ал-Ахвазије. Шерифот наведе дека оваа група ја поддржува и Саудиска Арабија.
Во нападот, кој се случи утрово, загинаа најмалку 24, а повредени се 54 лица. Неутрализирани се четворица напаѓачи, меѓу кои двајца се фатени живи.
Локалните медиуми наведуваат дека напаѓачите отвориле оган на безбедносните сили, а нападот е изведен во текот на парадата, организирана по повод Неделата на одбрана во Иран.