Ahmed Asmar
05 Јуни 2024•Ажурирај: 05 Јуни 2024
АНКАРА (АА) - Во експлозија во израелска воена база се повредени девет војници, од кои двајца потешко, соопшти израелската Армија, пренесува Анадолу.
Армијата во соопштението објавено доцна синоќа соопшти дека сите повредени во експлозијата во воената база во јужен Израел се пренесени во болница и дека двајца војници се во критична состојба.
Во моментов се истражува инцидентот за да се утврдат причините за експлозијата, се додава во соопштението.
„Ерусалим пост“ објави дека причина за инцидентот најверојатно била граната која експлодирала на крајот од вежбата.