Девет Палестинци, меѓу кои и тројца новинари, убиени во израелски напад врз Газа
- Хуманитарни работници и новинари кои им делеле шатори на Палестинците чии домови се уништени беа цел на напади со беспилотни летала

ГАЗА
Девет Палестинци, меѓу кои тројца новинари, се убиени во израелски воздушен напад врз градот Беит Лахија во северниот дел на Појасот Газа, известува Анадолу.
Според информациите добиени од локални извори, израелската армија изврши напад со дрон врз Беит Лахија.
Палестинското Министерство за здравство соопшти дека 9 Палестинци се убиени, а голем број се ранети и префрлени се во Индонезиска болница.
Палестинскиот центар за заштита на новинари објави дека хуманитарни работници и новинари кои им делеле шатори на Палестинците чии домови се уништени, биле цел на напади со беспилотни летала.
Во соопштението се наведува дека меѓу загинатите има и тројца новинари кои известувале за испораката на хуманитарна помош.
Во соопштението се нагласува дека Израел таргетирајќи новинарите настојува да го спречи информирањето за тоа што се случува во Газа и за воените злосторства, и упатен е апел до меѓународната заедница да го осуди нападот и да го истражи.
Договорот за прекин на огнот и размена на затвореници, кој стапи на сила во јануари, ја запре геноцидната војна на Израел во Газа.
Меѓутоа, Израел често го прекршува примирјето со напади врз палестинската енклава.
Повеќе од 61.000 Палестинци се убиени, вклучувајќи и 14.000 кои исчезнаа под урнатините, а два милиони луѓе се раселени во израелските напади врз Газа од 7 октомври 2023 година до 19 јануари, кога беше прогласен прекин на огнот.
Околу 88 % од инфраструктурата на Газа е уништена во израелските бомбардирања и гранатирања, чија цел беа и болници, домови и училишта во кои се засолниле раселените Палестинци.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.