свет

Девет рибари исчезнаа кога нивниот брод се превртел во Индија

- Осум рибари се спасени по инцидентот во Бенгалскиот залив, соопштија властите

Ahmad Adil  | 22.09.2024 - Обновена : 23.09.2024
Девет рибари исчезнаа кога нивниот брод се превртел во Индија

ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Се стравува дека девет рибари ги загубиле животите откако нивниот брод се превртел во Бенгалскиот залив за време на бура, соопшти денес претставникот на Одделот за рибарство, Сураџит Баг, известува Анадолу.

„Имаше 17 луѓе на бродот и отидоа на риболов“, изјави за Анадолу во телефонски разговор денес Баг, официјален претставник на Државниот оддел за рибарство на Западен Бенгал.

Тој информираше дека осум лица се спасени.

Бродот испловил од Сундарбан во Западен Бенгал во средата, соопшти Баг и додаде дека по инцидентот се води спасувачка операција за пронаоѓање на исчезнатите девет лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.