Sümeyye Dilara Dinçer
03 Јуни 2021•Ажурирај: 05 Јуни 2021
АНКАРА
Во последните 24 часа во Индија, една од земјите најпогодени од новиот тип коронавирус (Ковид-19), починаа 2.887 луѓе, известува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Индија соопшти дека во последните 24 часа се детектирани 134.154 лица позитивни на новиот тип коронавирус, додека од последици предизвикани од заразувањето со Ковид-19 животот го загубија 2.887 лица.
Вкупниот број на лица заразени со Ковид-19 изнесува 28.441.986, од кои животот го загубија 337.989 лица.
Вреди да се забележи дека иако бројот на новозаразени случаи во земјата се намалува, бројката на починати сè уште не се намалува со истото темпо.
Бројот на новозаразени во Индија се зголеми над 100.000 на 4 април, на 15 април над 200.000, на 21 април се искачи над 300.000, а на 30 април бројката на новозаразени надмина 400.000.
Експертите предупредуваат дека точната бројка на заразени и смртни случаи предизвикани од Ковид-19 би можела да биде многу повисока.
Досега од коронавирусот оздравеа 26.390.584 лица, во моментов во земјата се активни 1.713.389 случаи на заразување со Ковид-19, од кои 8.944 заразени се во критична состојба.
- Администрирани над 221 милион вакцини
Во Индија досега се дадени 221.040.000 дози вакцини, од започнувањето на кампањата за вакцинација на 16 јануари досега.
Вакцинацијата во Индија со население од околу 1,4 милијарди сè уште не го достигна посакуваното ниво за да може да се запре епидемијата.
Според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот на светско ниво, Индија е втора земја во светот според бројката на лица кај кои е детектиран коронавирусот, а трета според бројката на починати.