Rewa Mahmood Hasan,İdiris Okuduci
23 Август 2020•Ажурирај: 24 Август 2020
ХАЛАБЏА
Група демонстранти ги запалија зградите на владата и на политичките партии во ирачкиот град Халабџа, а во судирите се повредени шест лица, меѓу кои и еден полицаец, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од локални извори, групата која се опишува како „антивладини демонстранти“ вчера во центарот на Халабџа фрлале камења кон зградите на Курдистанската демократска партија (КДП), на гувернерството, општината и дирекцијата за сообраќај.
Демонстрантите по нападот со камења ги запалиле зградите на општината и дирекцијата за сообраќај, при што е настаната голема штета.
Во изјавата за Агенција Анадолија (АА), градоначалникот на Халабџа, Квестан Екрем, рече дека демонстрантите извршиле вооружен напад врз зградата на Курдистанската демократска партија (КДП).
За време на нападите врз зградите, повредени се 6 лица, меѓу кои и еден полицаец.
Истовремено со Халабџа, запалена и зградата на гувернерството во градот Келар, во провинцијата Сулејманије.
Во изјавата за локалните медиуми, гувернерот на Келам, Херди Серкефт рече дека запалена е една страна на зградата и две службени возила на општината.
Премиерот на Регионалната курдска управа на северниот дел на Ирак, Месрур Барзани нападите врз зградите кои припаѓаат на владата и политичките партии ги опиша како „провокативни акции“.