Adam Abu-bashal
23 Август 2020•Ажурирај: 24 Август 2020
АБУЏА
Бројот на откриени случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 1.180.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа на овој континент откриени се уште 10.064 случаи со Ковид-19.
Со ова, вкупната бројка на откриени случаи во Африка се искачи на 1.182.866.
Исто така, во последните 24 часа на африканскиот континент починале уште 267 лица, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 27.641.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (12.987 смртни случаи), по која следуваат Египет (5.243) и Алжир (1.424 смртни случаи).
Во Маврициус нема активни случаи, додека во Еритреја и на Сејшелите досега не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19.
Во Африка од вирусот досега излекувани се вкупно 902.745 лица.