Dursun Aydemir
26 Ноември 2019•Ажурирај: 27 Ноември 2019
БРИСЕЛ (АА) - Бегалските здруженија и бегалците во Белгија одржаа демонстрации со цел да добијат позитивен одговор на апликациите на бегалците за добивање дозвола за престој, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Стотици луѓе се собраа пред канцеларијата на министерката за здравство одговорна и бегалци и миграциски прашања, Меги де Блок, упатувајќи повик за добивање одговор на апликациите на бегалците за дозвола за престој.
Во говорите беа упатени барања да им се одговори на бегалците за апликациите за добивање дозвола за престој, да се обезбедат нивните права и да се спречи дискриминацијата. Бегалците се именувани како „лица без документи“.
Демонстрантите извикуваа слогани „Солидарност со лицата без документи“, „Не сме опасни“, „Не сме странци, ние сме прва, втора, трета генерација“.
Белгиските синдикати исто така ја поддржаа акцијата.
Проценето е дека има околу 150.000 бегалци „без документи“ во земјата, а повеќето од нив живеат во Брисел. Меѓу тие бегалци, има и такви кои аплицирање за дозвола за престој пред 19 години, и сѐ уште немаат добиено одговор.