ДЕНИЗЛИ (АА) - ХАЛИЛ ШАХИН -
Со белите травертини, историјата од илјадници години и своите природни убавини, турскиот град Денизли, кој е еден од најзначајните туристички центри во Турција, останува во фокусот на оние што бараат лекување со термални води во текот на зимскиот распуст, пишува Anadolu Agency (AA).
Денизли, кој е меѓу најзначајните градови во Егејскиот Регион на земјата, нуди динамичен зимски туризам за туристите, со своите активности како параглајдерство, скијање, како и со летовите со балон со топол воздух.
Посетителите можат да најдат бројни туристички атракции во античките градови, пештери и водопади, како и шанса да вкусат локални деликатеси и да пазарат во старите чаршии.
Во градот што се смета за уникатен центар за термална терапија од античките времиња, хотелите достигнуваат стапка на искористеност до 90 отсто со барањата за термална изворска вода.
Наречено како „бел рај“, Памуккале кое се наоѓа во Денизли, се наоѓа на Листата на светско наследство на УНЕСКО, и е меѓу најпопуларните туристички дестинации во Турција.
- Прва станица: Памуккале
Памуккале, кое е една од најстарите туристички дестинации во Турција, е исто така клучно обележје на овој град.
Памуккале се наоѓа над остатоците на античкиот град Хиераполис, и илјадници години е познато како центар за термална терапија од римско време, особено познат по белите травертини обликувани од изворите на топла вода кои се богати со калциум.
Топлата вода им овозможува на посетителите да одат со боси нозе на травертинските тераси, без да го чувствуваат ладното време благодарение на температурата на водата, која е топла и за време на зимскиот период, а со пејзажот на туристите им нуди уникатна глетка за нивните фотографии.
Светски познатото Памуккале е посетено од страна на повеќе од 2 милиони туристи во последните околу 11 месеци, највисока бројка постигната досега. Местото е најпопуларно меѓу туристите од земјите од Европа, Далечниот Исток, Латинска Америка, како и од Русија.
Гази Мурат Шен, претседател на Здружението на туристички хотелиери и оператори (ДЕНТУРОД), во изјава за Anadolu Agency (AA) истакна дека стапката на искористеност на хотелите во Памуккале веќе достигна 90 отсто, благодарение на зимскиот распуст.
Шен нагласи дека домашните туристи во повеќето случаи преферираат место со термални води и ски-центри, и дека посетителите што доаѓаат во Денизли во текот на денот можат да уживаат во скијањето и да се релаксираат во термалните води во нивните хотели во вечерните часови.
Шен додаде дека климата во Денизли е соодветна за одмор во текот на целата година.
Античкиот град Хиераполис, кој датира од пред околу 2.800 години, и е познат како „Свет Град“ во литературата за археологија поради бројните храмови и други религиски структури во него, исто така ги привлекува посетителите.
Пред античкиот театар, посетителите најпрвин можат да ја забележат „портата на пеколот“, која беше откриена во 2013 година, исто така наречена и „порта на мртвата земја“ во старите извори.
- Пливање покрај миленумски стари урнатини
Базенот Клеопатра - каде што египетската кралица Клеопатра се капела според митот - во Хиераполис, им нуди на терористите возбудливо пливање додека се опкружени со столбовите и урнатините од мермер стари 2.000 години.
Базенот е оформен природно по колапсот на неколку столба во земјотресот во 692 година пр.н.е., што предизвикало термалната вода да се акумулира.
Базенот чија вода е со фиксна температура од 36 степени Целзиусови, без оглед на сезоната, им нуди на своите посетители единствено искуство. Се верува дека водата има лековито дејство за кардиоваскуларните болести, ревматизам, кожни и нервни проблеми, како и за цревни проблеми доколку се пие.
- Единствен центар за термална терапија од античко време
Благодарение на своите термални извори, Денизли уште од античко време до ден денес се смета за центар за термална терапија.
Како важен медицински центар за време на римскиот период, градот има големо место во здравствениот туризам со својата црвена вода богата со калциум и железо, која исто така содржи и различни минерали.
Во регионот Карахајит, каде што се собираат многу термални ресурси, хотелите се зафатени во зимската сезона од оние што сакаат да пронајдат лек во невообичаената црвена вода.
Црвената вода, чија температурата е во просек околу 60 степени Целзиусови во текот на целата година, се верува дека е лековита за оние луѓе што страдаат од ревматизам, астма, бронхитис и кожни болести.
- Сценската убавина на Денизли
Водопадите Ѓунеј, Сакисџилар Асмаалти и Ѓумушсу се посетени од страна на љубителите на природата и од оние што бараат мир во природата.
Пештерата Каклик, која има поглед сличен на травертините на Памуккале, и пештерата Келоглан, која нуди интересни глетки со своите сталактити и сталагмити, се наоѓаат меѓу најпосетените места во градот.
Мехмет Ермиш, домашен турист од западниот дел на Баликешир, за АА изјави дека дошол во градот откако го видел на телевизија.
„Времето е студено, но топлата вода го намалува тој ефект. Кога ќе дојдете на вакво убаво место, студеното време не влијае на вас“, изјави тој, додавајќи дека Денизли е идеален за зимските празници.