Elvir Hociç
28 Јануари 2016•Ажурирај: 30 Јануари 2016
ДЕНИЗЛИ (AA) - Слатководното езеро Ишикли во турската провинција Денизли е омилено одредиште на десетици видови птици селици, а со својата смиреност и спектакуларните глетки на излегување и заоѓање на Сонцето привлекува и голем број туристи, јавува Anadolu Agency (AA).
Називот на езерото Ишикли (светлечко) наговестува дека се работи за природно езеро на слатка вода кое во различни годишни и дневни периоди нуди несекојдневни убави глетки од бои на мирна водена површина.
Езерото се наоѓа на надморска височина од 821 метар и во овој период од годината неговите острови се оковани со мраз. Се простира на површина од 73 километри квадратни, а од него се раѓа реката Бујук Мендрес и бројните поточиња и канали кои ги напојуват земјоделските површини.
Тоа воедно е и важен регионален центар и ресурс за рибарство и аквакултура. За време на периодот на селидбите мирното езеро Исикли е омилено одредиште на бројните видови на гуски, чапји и патки.