Hosni Nedim,Ömer Erdem
14 Декември 2024•Ажурирај: 15 Декември 2024
ГАЗА (АА) - Десет Палестинци се убиени во израелски воздушен напад на зграда во Деир ал Балах во централниот дел на Појасот Газа, известува Анадолу.
Здравствени извори информираа дека Израел ја ракетирал зградата на општина Деир ал Балах.
Во нападот се убиени најмалку десет Палестинци, а десетици се повредени.
Очевидци изјавија дека повредените и телата на убиените со колички, мотоцикли и цивилни возила биле пренесени во болница.
Во октомври 2023 година, Израел започна геноцидна војна во Појасот Газа, во која досега се убиени повеќе од 44.800 Палестинци, главно жени и деца.
На 21 ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за приведување на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради војната во Појасот Газа.