Ekipa
15 Јануари 2018•Ажурирај: 16 Јануари 2018
ЏАКАРТА (АА) - Најмалку 28 лица се повредени поради рушење на таванот на Индонезиската берза во центарот на Џакарта, јавува Anadolu Agency (AA).
Повеќе од 10 повредени веднаш беа евакуирани од зградата, додека бројни возила на брза помош се упатија на местото на настанот.
Рушењето во Кулата 2 се случило додека вработените оделе на ручек.
Гласноговорникот на полицијата на Џакарта, Арго Јувоно, изјави дека за време на паѓањето на таванот околу стотина студенти престојувале во посета на берзата.
Портпаролот на Индонезиската берза, Реза Андика, изјави дека причината за колапсот не е експлозија, и дека истрагата е во тек.