Dmıtrı Chırcıu
03 Февруари 2020•Ажурирај: 03 Февруари 2020
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, изјави дека руските и турските воени официјални претставници се во постојан контакт по нападот на силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, во кој во Идлиб загинаа пет турски војници и еден цивилен службеник, јавува Агенција Анадолија (АА).
Песков во Москва изјави дека рускиот и турскиот претседател Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган сѐ уште не разговарале за последните случувања во Идлиб.
„Руските и турските воени официјални претставници се во постојан контакт. Немаше разговори на највисоко ниво. На барањето на лидерите средбата ќе биде организирана во краток рок“, изјави Песков.
Песков исто така изјави дека Русија е загрижена поради активностите на терористичките групи во северозападниот сириски регион Идлиб.
Министерството за одбрана на Турција утринава соопшти дека петмина турски војници и еден цивилен службеник загинале во артилерискиот напад на режимските сили во Идлиб. Во соопштението се наведува дека цел на нападите биле турските сили кои се ангажирани за спречување на судирите во деескалациската зона во северозападниот дел на Сирија и дека локациите на нивното движење се претходно координирани.